СУДСКО ПРАВО ИЗДАНИЕ 2020 ГОДИНА
„Судско право“ (второ изменето и дополнето издание), од акад. Владо Камбовски, Бобан Мисоски и Дивна Илиќ Димоски, претставува темелно дело кое ја обработува судската функција како централна институција на правниот систем.
„Судско право“ (второ изменето и дополнето издание), од акад. Владо Камбовски, Бобан Мисоски и Дивна Илиќ Димоски, претставува темелно дело кое ја обработува судската функција како централна институција на правниот систем. Во книгата се анализираат положбата и улогата на судот, неговата независност и непристрасност, одговорноста на судиите, судскиот систем и судската заштита на човековите права и слободи. Делото има значајна научна и практична вредност за студентите по право, судиите, обвинителите, адвокатите и сите што се интересираат за судскиот систем и реформите во оваа област.




